ПОСТАПКА ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА И ОЦЕНА НА ТЕХНИЧКАТА СОСТОЈБА НА ВОЗИЛОТО

(Извадоци од Законот за возила (Сл.весник на РМ бр. 140/08) и Правилник за идентификација и  за идентификација и оцена на техничката состојба на возилата Сл. весник на РМ бр. 131/09 и 16/10))

„Оцена на техничката состојба на возилото” е постапка во која визуелно се проверува неговата целосност и способност за безбедно возење во сообраќајот на патиштата, односно за безбедна работа при извршувањето на земјоделски и шумски работи, како и проверка дали возилото не било преправено, односно поправано.

Постапката за идентификација и оцена на техничката состојба на возилата се спроведува за нови возила за кои типот е одобрен во согласност со хармонизираните прописи за ЕУ добрување на тип, како и за возило за кое типот е одобрен во Република Македонија, а за конкретното  возило странката нема обезбедено потврда за сообразеност издадена од застапникот на производителот во Република Македонија.
Оваа постапка може да се спроведе само ако техничките барања врз основа на кои е добиено ЕУ одобрување на тип, односно одобрување на типот во Република Македонија, се најмалку на нивото на техничките барања кои се во примена за соодветното возило.
Во случај кога во постапката на идентификација и оцена на техничката состојба се утврди дека возилото е преправено или поправено, постапката се прекинува, а одобрувањето на возилото, може да продолжи кај техничката служба.
Постапката за идентификација и оцена на техничката состојба започнува со прием на барањето и проверка на комплетноста на документацијата која ја доставува барателот, а која се состои од:

При оваа постапка задолжително се врши преглед на возилото.